Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Стоилов: Ситуацијата не ни дозволува да бидеме оптимисти, Монпелје е фаворит за победа
Алушовски и Стоилов: Ситуацијата не ни дозволува да бидеме оптимисти, Монпелје е фаворит за победа

Алушовски и Стоилов: Ситуацијата не ни дозволува да бидеме оптимисти, Монпелје е фаворит за победа

Во сабота не очекува последното 14.коло во групната фаза од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Монпелје. Вардар веќе го осигура пласманот во 1/8 финалето, а единствената дилема пред овој меч е дали може да завршиме на 5.место. За тоа да се случи е потребна победа над Монпелје и пораз на Порто во дуелот со Брест Мешков. Денес од клубот одржаа прес-конференција на која ги споделија очекувањата за саботниот меч. На истата говореше Стевче Алушовски кој го изјави следново:

-Не очекува тежок натпревар во сабота. После победата против Мотор ја остваривме примарната цел и пласманот во осминафиналето. Калараш и Горбок беа болни од вироза, не бевме комплетни на тренинзите, но нема изговор, мораме подготвени да излеземе во сабота. Максимално ќе се бориме за секоја топка и само така може да се надеваме на победа. Поради ситуацијата во која се наоѓаме не можеме да кажеме дека ја имаме улогата на фаворит. Сепак, нема да излеземе со бело знаме, но поради сите случувања не можам да бидам голем оптимист“

Кратко обраќање имаше и вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов.

-Ситуацијата е таква каква што е. Монпелје е апсолутен фаворит на натпреварот. Ќе дадеме се од себе да изненадиме и да дојдеме до поволен резултат.

Натпреварот во сабота ќе стартува во терминот од 17:30 часот.