Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Стефаноска Сара: Играњето во Вардар е мојот сон, пролетва атакуваме на две круни
Стефаноска Сара: Играњето во Вардар е мојот сон, пролетва атакуваме на две круни

Стефаноска Сара: Играњето во Вардар е мојот сон, пролетва атакуваме на две круни

Веќе утре започнуваат првите натпревари за пионерската екипа на ЖРК Вардар, тимот предводен од Платон и Папуџиева е во „лов“ на двете титули. Пионерската и кадетската од изминатата сезона се во наш посед, на зимска пауза заминавме со лидерски места во двете конкуренции.

Денес како најава на пролетниот дел ви носиме интервју од една од најсветлите точки во овој тим, бекот Сара Стефаноска. Вардар фанс имаше можност, чест и привлилегија оваа млада дама да ја следи долги години наназад речиси половина деценија. Се појави како ракометарка во „Јуниор лигата“, веднаш ги собра сите симпатии на натпреварувачите, тренерите, публиката и сите други. Во тимот на Кале Кичево беше буквално- “one men-show” се се движеше околу неа, имаше мечеви кои се епски, одигра финале со повредена нога на зимски турнир. Кога сите ја отпишаа таа започна со своето шоу, играше во солзи од болка, но не се предаде и постигна 80% од головите и покажа дека ништо не може да го сопре тоа “храбро срце“. Минуваа години таа освојуваше признанија во таа конкуренција, постојано.

Стефаноска при доделување на наградата „најдобар играч“ во Јуниор лига

Стефаноска при доделување на наградата „најдобар играч“ во Јуниор лига

Дојде ден да се „круниса“ трудот, дојде во Вардар. По првичната адаптација на тимот која беше релативно лесна, повторно почна да блеска. Стана важна алка во овој тим, повторно Сара-освојуваше титули и лични признанија. Станува збор за бек со одличен удар, интелигентен ракометар кој пред се доминира во дуелите со своето брзо размислување, откако ќе увиди прилика има широк спектар на можни потези кој ќе ги спроведе со лесноти, таа поседува големо ракометно знаење, без разлика дали ќе се одлучи да погоди со удар или ќе оди на влез, тоа вешто го исползува.  Во двата правци е доминантна, во одбраната е неприкосновена на позицијата каде што она делува, во нападот е нерешлива енигма за ривалите. Стефаноска е еден од „бисерите“ кој ги создаде црвено-црната Академија низ проектот „Вардар Јуниор лига“. Ваков играч заслужува посебна елаборација, ги има сите каракеристики на ракометарка која ќе заврши во ракометната европска сениорска елита доколку продолжи да работи на овој начин.

* Кој ги следел нејзините ракометни почетоци му беше јасно дека пред неа е блескава иднина, уште кога се појави во дресот на РК Кале на мечевите од Јуниор лигата се виде дека Сара го има тој “Х-факор“ , за почеток ни ги доловува нејзините први ракометни чекори.

..Ракометот е мој живот изминатите шест години, уживам во тоа..

..Ракометот е мој живот изминатите шест години, уживам во тоа..

-Ракомет започнав да тренирам во екипата на РК Кале Вардар во родното Кичево, со овој спорт се „дружам“ еве веќе шест години. Со ракомет започнав уште од мали нозе и не бев добро запознаена со тој спорт, но со тек на време, благодарение на тренерите Драган Кузманоски, Ѓоко Маркоски и Анастасија Стефаноска започнав да покажувам добри резултати на ова поле. Целиот труд и работа во таа регионална школа на црвено-црните  ме одведоа до остварување на мојот сон, да играм за клубот на Вардар.

* „Вардар Јуниор“ лигата како проект даде многу „плодови“, Стефаноска токму во неа раснеше како ракометар. Често ги покоруваше сите доаѓаше до клупски и лични признанија, може да кажеме дека е една од најдобрите ракометарки создадени низ тој проект.

Стефаноска: Вардар Јуниор лигата е одличен проект..

Стефаноска: Вардар Јуниор лигата е одличен проект..

-Проектот беше на високо ниво, истиот  ни овозможи уште од мали нозе подобро да се запознаеме со овој спорт од попрофесионална страна. Благодарение на тој проект на Ракометната Академија Вардар се открија многу таленти кои сега се дел од младинските селекции, меѓу кои сум и јас. Уште од почетокот беше добро организиран, така и продолжува. Не е спорно откривањето на многу нови талентирани деца кои ќе ја продолжат долгогодишната традиција на клубот.

*Зборуваме и за нејзиното место во колективот, како е задоволна од своите игри кои ги прикажува во црвено-црниот свет дрес. Таа ветува максимална посветеност од неа за личниот и тимскиот напредок.

-Моето место во тимот е  позицијата лев бек. Како и секој од нас, се надевам дека имав удел во досегашните успеси. Поприлично сум задоволна од мојата прикажана игра, но мислам дека секогаш може подобро. Секоја минута на терен се обидувам да го дадам својот максимум и да ја оправдам довербата на тренерите. Ќе продолжам и понатака да се залагам максимално, моето животно мото е “борба-труд, посветеност и тренинг“.

*Кога сме кај личните признанија за “МВП“, најдобар стрелец или најдобар бек, таа ги има дузина. Секоја година во „Јуниор лигата“ и на Зимските турнири таа „жнееше“ награди, дека тоа воопшто не случајно покажа кога мина во пионерскиот тим на Вардар, каде го задржа истиот тренд на „ловење“ награди.

Секоја минута на терен се обидувам да го дадам својот максимум-Сара

Секоја минута на терен се обидувам да го дадам својот максимум-Сара

-Да, точно е дека поседувам неколку лични признанија. Секако дека тие ми значат многу и се плус мотивација за да продолжам да го правам тоа што го сакам и што ме исполнува. Сепак за мене секогаш од почетокот до сега на прво место е мојата екипа, тимската игра и тимските успеси. Поединечната награда  го истакнува поединецот, но е потврда и за добрата соработка со соиграчите. Сакам да напоменам дека јас не би била тоа што сум без помошта од моите тренери, сите мои соиграчи и моите најдобри родители кои и покрај се ми овозможија да го живеам својот сон.

*Во тековната сезона „лавиците“ ја започнаа одбраната на двете круни, пионерската и кадетската. Одлично одиграа есенва каде се лидери на двете табели, вардаровиот бек ни дава оценка за тековната сезона и очекувањата од продолжението.

-Во есенскиот дел завршивме на прво место во двете лиги, посебно ме радува што тоа е со максимален број на бодови. Тоа се е резултат на целосната посветеност и пожртвуваност на секој поединец, секојдневните тренизни и упорноста да докажеме дека сме една целина која може да постигне се. Мислам дека најважната алка во достигнување на сите наши успеси се нашите врвни тренери, Анжела Платон и Марија Папуџиева кои секој ден се трудат да не научат нешто ново, со нивната посветеност, трпеливост, љубов и огромниот вложен труд. Пред нас е почетокот на пролетниот дел, за кој се надевам дека ќе продолжиме со овој ритам и ќе ќе пласираме на завршниот турнир.

Моите тренери, Платон и Папуџиева се важна „алка“’ во нашиот тим

Моите тренери, Платон Анжела  и Папуџиева Марија се важна „алка“’ во нашиот тим

*Таа е дел од Вардар, каде тренери и се Платон и Папуџиева, дали тоа е остварување на нејзинот детски ракометен сон и како е да се биде во тим кој овие два  трофејни ракометни тренер, ни открива вардаровата ракометарка. Таа во изјава за Вардар фанс од 10/06/2016 кажа дека сонот и е да биде дел од Вардар, што две години потоа се оствари.

-Веќе една година сум дел од Вардар, тука сум среќна бидејќи мојот сон е ракометот. Благодарение на довербата и посветеноста на моите тренери Анжела Платон и Марија Папуџиева сега го живеам својот сон. Нема зборови со кои би можела да ја искажам благодарноста кон истите што ми овозможија да бидам дел од нивниот тим. Мојот сон се оствари и сакам да останам тука што е можно повеќе, со тимот да редиме успеси.

*За крај на интервјуто, оваа одлична ракометарка, девојката чија игра  “шоу за око“ ни открива кој е нејзиниот ракометен идол, пример и каде би сакала да ја круниса својата кариера кога ќе доспее во сениорските ракометни води.

Стефаноска: Ѓер е мојот сениорски ракометен сон..

Стефаноска: Ѓер е мојот сениорски ракометен сон..

-Во понатамошната кариера мојата желба е да играм за унгарскиот клуб Ѓер за кој настапуваат многу светски познати играчи. Мој идол е единствената, Кристина Неагу, која е играч на левата бековска позиција, таа е мојата мотивација. Се обидувам да учам од секој нејзин потег и да го применам во игра. Се надевам дека еден ден и јас ќе станам врвна ракометарка- вели Стефаноска Сара.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ