Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак: Нема поделби на групи, нема поделби на кланови, нема поделби на странци и домашни во Вардар!!
Новак: Нема поделби на групи, нема поделби на кланови, нема поделби на странци и домашни во Вардар!!

Новак: Нема поделби на групи, нема поделби на кланови, нема поделби на странци и домашни во Вардар!!

Украинскиот интернационалец Евгениј Новак веќе петта сезона е дел од најтрофејниот македонски клуб Вардар каде ги има најдобрите денови од својата професионална фудбалска кариера. Дефанзивецот на тимот во интервју за украинска „Спорт Арена“ говори на многу интересни прашања. Најпрвин за тоа дека имало разговори да добие македонско државјанство, па потоа дека Вардар е обединет тим што ги краси и затоа се лидери, па се до тоа дека Скопје е феноменален град и дека лесно се привикнал на жешките температури во земјава.

„Има некои муабети, но да бидам искрен не размислувам за тоа. Вардар има некои проблеми во последната линија, напред излгеда добро, но позади… Имаше некакви разговори, но ми требаат уште неколку месеци, три-четири за да го исполнам условот пет цели години“, вели Новак во интервју за украинска „Спорт Арена“.

„Ние имаме многу добар и обединет тим. Прво од аспект на човечки квалитети, нема поделби на групи, нема поделби на кланови, нема поделби на странци и домашни, Бразилци на една страна, Украинци на друга, Македонци на трета… Примарно е што сме сите заедно. Второ овој тим е ‘надграден’, зашто 17-18 играчи се од Академијата на Вардар. Имаме фудбалери од 17 до 20 години, петмина постари кои останаа од тимот што играше во Лига Европа. Останатото се локални момчиња, тренер кој е бивш играч на Вардар, кој беше помошник во најдобрите години на клубот, а најголемите успеси во кариерата ги направи во Ајнтрахт како играч. Затоа поради таа кохезија, го правиме тоа што го правиме на теренот и сме пред Шкендија, иако сите ние знаеме дека Шкендија е многу добар тим. Можам само да ви кажам, многумина сметаат дека лигата е преслаба во Македонија, ама не е баш така. Мене како дефанзивец ми е многу потешко да играм тука отколку во Украина“ , додава стоперот

novak promocija za tekst

„Прекрасно ми е во Скопје, секој што ќе дојде е пријатно изненаден. Дури и се навикнав на жешките лета, иако првата година иол ми беше неподносливо. Нема вистинска зима. Плус го имате Охрид, близу е Солун, близу е Софија… Кога влеговме во Лига Европа, стотици навивачи дојдоа со нас да слават во ресторан, а кога ракометарите на Вардар станаа европски прваци – тоа беше празник. Цел плоштад преполн ги дочека. Неверојатно“ , рече Новак.