Во сабота на програмата е градското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Иако според пласманот на табелата, голема е бодовната разлика меѓу двата тима, но нивните дуели секогаш носат неизвесност.
Вардар влегува како лидер во ова 21.коло, додека екипата на Работнички „грчевито“ се бори да избегне испаѓање од најсилната македонска лига. За главен судија е одреден Јосип Бартон, додека негови помошници се Ербрар Таравари и Александар Ѓорѓески, додека Константин Влахо е назначен за четврти судија.
Мечот во сабота ќе се одигра на градскиот стадион со почеток од 14:0 часот.