Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Девојките на Наков, ЖКК Вардар М16 „броеа“ до 101
Девојките на Наков, ЖКК Вардар М16 „броеа“ до 101

Девојките на Наков, ЖКК Вардар М16 „броеа“ до 101

Во првиот натпревар во 2020 година, младите девојки од ЖКК Вардар селекцијата до 16 години дојдоа до победа на домашен терен на дуелот одигран во малата сала при СРЦ “Кале“ во Скопје.

Избраничките на Славица Наков на домашен паркет ја пречекаа екипата од скопската населба Чаир, тимот на ЖКК Шкупи. Во меч во кој ние доминиравме во сите аспекти на кошаркарската игра, девојките кои имат од кој да учат, победија пробивајќи ја магичната троцифрена граница „100ка“.

ca2

Победата за „пуленките“ на популарната Цаци,  дојде со високи 70.поени предност, ние постигнавме 101 поен наспроти 31 на ривалот.