Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Покрај се ние сме тука и секогаш ќе бидеме за да ги надживееме сите оние на кои им смета нашето постоење и ја посакуваат нашата несреќа!

Комити: Покрај се ние сме тука и секогаш ќе бидеме за да ги надживееме сите оние на кои им смета нашето постоење и ја посакуваат нашата несреќа!

84593042_2688691064518495_2281580816268001280_nНегативните вести од Анталија повторно ни го нарушуваат мирот и не вознемируваат пред почетокот на пролетната полусезона.

Без оглед на тоа што сите се на висината на задачата, повторно несреќата не прати, ни создава нови грижи кои ни го отежнуваат патот кон целта која заеднички ја зацртавме.
Оние на чиј грб е најголемиот товар, издржаа јуначки и им докажаа на сите а пред се на себеси дека со силна посветеност и верба можеме до целта.

Една љубов до нив и порака дека сме со нив до крајот…
Создадовме заедно една силна хемија и се препознавме во уникатна енергија која не сплоти како едно семејство во кое секој знае каква улога има и што треба да прави во интерес на остварувањето на големата слика. Создадовме рецепт кои дава резултат, ни носи победи, но и кој не исполнува духовно.
Но повторно неизвесност, повторно стресови, повторно турбуленции.

Како да сме осудени да страдаме за нашата љубов. Колку и да сме трпеливи и колку и да е нашата поддршка силна и безусловна, повторно не е доволно.

Покрај се ние сме тука, и секогаш ќе бидеме за да ги надживееме сите оние на кои им смета нашето постоење и ја посакуваат нашата несреќа. Ќе ги надживееме сите за потоа на нивниот епитаф го напишеме она што сме го кажале многу пати, а тие не го разбрале.

* Целосно превземено од Комити Скопје.