Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Судбината на Вардар ќе се знае утре, играчите чекаат
Судбината на Вардар ќе се знае утре, играчите чекаат

Судбината на Вардар ќе се знае утре, играчите чекаат

Судбината на Фудбалскиот клуб Вардар под раководство на Сергеј Самсоненко ќе се знае утре, кога е и закажан состанокот со претставниците на Град Скопје.

Од она што можеме да го дознаеме, од разговорот со дел од играчите на Вардар, ќе се чека утрешната разврска, а потоа ќе се донесува одлука. Точно е дека голем број на фудбалски менаџери ги конкактираат нашите играчи, но они ја чекаат утрешната одлука па потоа ќе донесуваат крајни одлуки околу нивните понатамошни кариери.

Значи, им преостанува на навивачите и на фудбалерите да го чекаат утрешниот ден, за кого се надеваме сите дека ќе биде позитивен по доброто на името Вардар.