Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Решивме да ги одиграме последните два натпревари во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар, надевајќи се на позитивно решение
Гачевски: Решивме да ги одиграме последните два натпревари во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар, надевајќи се на позитивно решение

Гачевски: Решивме да ги одиграме последните два натпревари во подготвителниот период, не дозволувајќи да се брука името на Вардар, надевајќи се на позитивно решение

Играчите на Вардар се херои, ама во вистинска смисла на зборот! Иако вчера беа шокирани по којзнае кој пат, вечерва капитенот на тимот, Филип Гачевски, на својот Фејсбук профил објави статус во кој се вели дека сите играчи и стручниот штаб донеле одлука да останат во Анталија и да ги одиграат останатите тест дуели, а со самото тоа и да чекаат позитивна разврска за иднината на клубот.

Еве што напиша капитенот на Вардар:

„Ние играчите на Вардар соочени со проблемите решивме да ги одиграме и последните два натпревари од подготвителниот период, со цел да не се брука името Вардар. Се надеваме на позитивно решение за нашата иднина. Ова е официјално соопштение на сите играчи и стручниот штаб на Вардар“, напиша Гачевски.

83930272_1024411897942835_2242649884077326336_n