Генерацијата 2005 на ФК Вардар во периодот од 2-6 февруари ќе земе учество на меѓународнот турнир во Сандански ( Бугарија).
Веќе се познати и противниците во групната фаза за нашите млади надежи, како и распоредот на одигрување натпревари. Вардар ќе биде дел од групата Б, во која се уште и екипите на Септември, Мечетата, Царско Село и Спартак Пловдив.
Турнирот ќе го стартуваме на 3.февруари ( понеделник) со меч против екипата на Мечетата од Петрич, додека истиот ден ќе одиграме дуел и со тимот на Септември од Софија. На 4.февруари ( вторник) на програмата се останатите два меча од групната фаза, против екипите на Царско Село и Спартак Пловдив.
За на 5 и 6.февруари се предвидени натпреварите за конечен пласман на турнирот „Пирин Куп“на кој учество ќе земат вкупно десет екипи.