Вчера се одиграа вторите дуели од полуфиналната серија во 2.лига, КК Вардар го победи Чаир 2030 (85:81), и обезбеди „мајсторка“ за место во елитата.
По пауза од неколку сезони одново ќе се игра прволигашка кошарка во Струмица. За тоа право се изборија кошаркарите на Струмица кои и во вториот натпревар од полуфиналето на Плеј-офот во Втората лига-мажи излегоа како победници против екипата на Шкупи.
И на вториот натпревар од полуфиналето, струмичани дојдоа до победата, сега и на гостински терен во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, од (104:91) и со максимални (2-0) ја затворија серијата.
Кој ќе биде вториот учесник во Првата лига-мажи во натпреварувачката сезона 2022/2023 ќе биде познато по одигрувањето на третиот, и решавачки натпревар помеѓу екипите на Вардар и Чаир 2030.
„Вардарци“ вчера на домашен терен, во малата сала „Кале“ направија големо изненадување, го победија составот од Чаир со (85:81) што е само втор неуспех за лидерот во регуларниот дел од сезоната во второлигашката конкуренција.
Нерешениот скор во серијата (1-1) вели дека ќе се игра т.н „мајсторка“, на 14. мај, на теренот на подобро пласираната екипа – Чаир 2030.