Во кадетската лига, во групата-А на лидерската позиција по 7.коло е нашиот Вардар со максимални 21.бод, зад нас со 18.бода и со само еден пораз (од нас) е тимот на ЖРК Металург. Токму во идното, 8.коло овие два тима ќе се соочат во дербито за врвот на табелата.
Натпреварот веќе е закажан, тој ќе се игра на 16.мај, понеделник во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода. Дуелот на двете кадетски скопски екипи ќе започне во 15-30 часот. Девојките на Платон и Папуџиева со победа ќе ги решат сите дилеми за врвот и на две кола до крајот ќе обезбедат сигурно прво место и пласман на завршницата.