Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Утре на програмата се полуфиналните натпревари на завршниот ракометен турнир во Купот
Утре на програмата се полуфиналните натпревари на завршниот ракометен турнир во Купот

Утре на програмата се полуфиналните натпревари на завршниот ракометен турнир во Купот

Утре на програмата се полуфиналните натпревари од ракометниот Куп на Македонија.

Во првото полуфинале кое стартува од 17:00 часот ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер 2, додека во вечерниот термин од 20:00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Бутел и Еурофарм Пелистер.

РФМ ги делегираше судиите за натпреварот на Вардар, честа да ја делат правдата ќе ја имаат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје, додека делегат ќе биде Душко Камишевски од СКопје.

Големото финале на програмата е во недела (15.05) со почеток од 19:30 часот. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалниот натпревар.