Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарецот Марко Ивановски во сабота ќе настапи на 29-тиот “Белградски полумаратон“

АТЛЕТИКА! Вардарецот Марко Ивановски во сабота ќе настапи на 29-тиот “Белградски полумаратон“

marko

Викендов  кај нашиот северен сосед Република Србија ќе се одржи 29-тата манифестација “Белградски маратон“ во организација на Д.о.о “Белградски маратон“.  Истиот е закажан за во сабота на 16-ти април. На ова манифестација ќе има трка на 5 км (трка на задоволство), полумаратон со должина од 21,1 километар и маратонска трка со должина од 42,195 километри. На полумаратонската делница црвено-црниот атлетски колектив ќе има свој преставник.

Нашиот талентиран атлетичар Ивановски Марко ќе се појави на оваа манифестација и ако повторно го мачи повреда која е само една од безбројте која го следат овој наш пркосен борец кој постојано по нивното залечување се враќа посилен и посилен. Тој има одличен старт ова сезона , последниот настап му беше на полумаратонската трка “Трчаме кон целта“ каде во склоп на оваа трка се одржа и државното првенство во полумаратон каде Марко  се пласираше на 10 позиција (8 меѓу Македонците), а на  Национално првенство кое се одржа во  Скопје на  Кејот на реката Вардар, градски парк и  мостот позади забавен парк,  на   патека која  беше кружна  во неговата трка истрча повеќе од солидно време 35:54, и се пласираше на високото 5 место во сениорска конкуренција. Марко настапи оваа сезона и на полумаратонот во Барселона (Mitja Marato de Barcelona) , патеката од 21.097 метри ја истрча со време од 1:20;39. Ова време за Вардарецот  беше повеќе од одличен пласман, тој се позиционираше на на 352 место од дури 10.034 учесници во машка конкуренција.”Mitja Marato de Barcelona” има Bronze Label од IAAF за улични трки и е еден од најмасовните полумаратони во Европа, кој оваа година имаше рекордни 16.511 учесници. Се надеваме на одличен пласман и во главниот град на нашата соседна земја оваа сабота за Ивановски.