Според натпреварувачкиот календар овој викенд ќе започне плеј-оф фазата од женската ракометна Супер лига. Во оваа фаза ќе се приклучи и нашиот шампион екипата на ЖРК Вардар, кој ќе учествува со најдобрите четири екипи од регуларен дел од сезоната . Беспредметно е да се анализира дека единствен неприкосновен фаворит за титулата се избраничките на Кастратовиќ и Камара кои воедно се актуелни бранители на титулата во суперлигашкото друштво и речиси формален е нивниот настап за да дојдат трета година по ред да дојдат до шампионскиот наслов. Најголемата борба во овој плеј-офф ќе биде за втората, вице-шампионска позиција на која ќе атакува нашиот помлад состав Жрк Вардар Јуниор.
Избраничките на Симе Симовски и скопскиот ривал Металург, битолски Пелистер и екипата на РК Куманово како најдобри четири екипи во досегашниот дел од првенството ќе учестуваат во борбата за титулата. Главната борба за втората позиција според досегашниот квалитет и играта ќе ја водат Јуниор и Жрк Металург, бидејќи победите на сите мечеви однапред се впишани за првиот тим, за кој само прашањето кое е сеуште отворено се гол-разликата со која е ќе ја завршат оваа плеј-оф фаза. Младите вардарки од Вардар јуниор според распоредот ќе го играат премиерното коло од оваа етапа со тимот со кој се сретнаа во последната рунда од регуларниот дел, тимот на битолски Пелистер, а пак во првото коло од плеј-офот кој ќе се игра овој викенд нашите првотимки ќе бидат слободни. Тие ќе тргнат со одбраната во второто коло кое закажано за на 23 /24 април и ќе се сретнеме со тимот на Куманово. По мечот со битолчанки кој е прв во оваа фаза, следува тежок испит за младите вардарки од Вардар јуниор тие ќе гостува во Автокоманда во дербито за второ место со нивниот директен конкурент екипата на Металург. Очекуваме со добра игра избраничките на Симовски да дојдат до позицијата “два“, во оваа фаза од суперлигашката сезона има 10 кола и според календарот последното коло е закажани за на 28/29 мај. Навистина би било сатисвакција да завршат двата црвено-црни женски ракометни колективи на позиците “еден-два“ и шампионската и вице-шампионската позиција да бидат наши, а воедно сино-белите девојки од Автокоманда да ги потиснеме на третата позиција во женскиот домашен ракомет оваа сезона. Во проголжение на фотогафијата погледнете до целосниот распоред од плеј-офот.