Избраниците на Пепи Манасков младите вардарци од ракометниот клуб Вардар Јуниор ја играат својата прва сезона како суперлигаш. Тие во деби сезоната во најсилната ракометна машка конкуренција-Супер лигата влегоа со амбиции да обезбедат место во најдобрите четири екипи и да играат во плеј-оф сегментот од лигата, но за жал не успеаа во истото. Сепак тие собраа значајно суперлигашко искуство за нив како млади ракометари чие време токму сега доаѓа.
Според пропозициите нашиот млад ракометен црвено-црн колектив ќе мора да одигра дополнителни мечеви во т.н плеј-аут фаза. По одиграните 18 редовни кола, се направи нова мини табела од екипите од 5 до 10 место, и притоа беа земени предвид само нивните меѓусебни натпревари. Според форматот на овој дел од лигата ќе се играат 10 кола, пет дома и исто толку во гости. Последно пласираниот тим на табела испаѓа директно од Супер лигата, а пак претпоследниот ќе игра бараж со второпласираниот тим од Прва ракометна македонска лига. Нашите момци се моментално третопасирани на оваа табела и се цели 17 бода во предност пред најзагрозениот “фенерџијата“ РК Металург-2 со кој во сабота во Автокоманда нашиот Вардар јуниор ќе го одигра првиот меч во оваа фаза. Со оваа втора екипа на Металург оваа сезонава се сретнавме двапати во разигрувањето и ги победивме со 40-17 и 37-26. Плеј-аут табелата формирана од меѓусебните мечеви на екипите од 5-10 место изгледа вака: