Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Вардарците Ивановски и Завировски дел од традиционалниот полумаратон “Трчаме кон Целта 2016“
АТЛЕТИКА! Вардарците Ивановски и Завировски дел од традиционалниот полумаратон “Трчаме кон Целта 2016“

АТЛЕТИКА! Вардарците Ивановски и Завировски дел од традиционалниот полумаратон “Трчаме кон Целта 2016“

Овој месец на девети, в сабота  по 11-ти пат ќе се организира традиционалниот полумаратон “Трчаме кон Целта 2016“. Патеката на оваа трка е лиценцирана и има национален сертификат, истата  точно е измерена и за полумаратон и за 5км. На истата ќе земе учество двајца  наши атлетичари од црвено-црниот атлетски колектив Марко Ивановски и Петре Завировски.

На Петре Завировски  оваа патека му “лежи“ отсекогаш имал одлични трки на истата, тој по две години нетрчање се враќа на оваа полумаратонска-делница, последен пат Завировски трчаше во 2013 година. Петре влегува во одличен ритам оваа година тој истрча личен рекорд и го освои одличното 4.место на  Gazi Baba XC Challenge ’16”,. Тој на оваа трка која се трчаше во Парк Шумата “Гази Баба“ истрча рекордно за него одлично време  26:18. Тој зема учество и на  Национално првенство кое се одржа во  Скопје на  Кејот на реката Вардар, градски парк и  мостот позади забавен парк,  на   патека која  беше кружна. Петре  овде беше учесник  во натпреварувањето за атлетичари до 23 години, и со одлично време  27:30  успеа да го освои второто  место. На истото национално првенство Марко Ивановски  во неговата трка истрча повеќе од солидно време 35:54, и се пласираше на високото 5 место во сениорска конкуренција. Марко настапи оваа сезона и на полумаратонот во Барселона (Mitja Marato de Barcelona) , патеката од 21.097 метри ја истрча со време од 1:20;39. Ова време за Вардарецот  беше повеќе од одличен пласман, тој се позиционираше на на 352 место од дури 10.034 учесници во машка конкуренција.”Mitja Marato de Barcelona” има Bronze Label од IAAF за улични трки и е еден од најмасовните полумаратони во Европа, кој оваа година имаше рекордни 16.511 учесници.