Изминатиов викенд се одиграа нови натпревари во ракометната “Јуниор“ лига. Во малата на спортскиот центар Јане Сандански се играа натпревари кај девојчиња родени 2000/01 година.
Екипата на РК Кузман забележа победа во дуелот со Академија 2. Само едно и единствено водство за Академија 2 и тоа за отварање на резултатот, во продолжение од мечот РК Кузман имаше постојана предност и контрола на резултатот. Во првите пет минути резултатот беше израмнет на 3:3, за во следните неколку минути Кузман да се одлепи на три гола позитива 7:4. До крајот на првиот дел успеаа да јја задржат стекнатата предност и на краток одмор да се отиде со водство од 9:6.
Второто полувреме започнува со два гола за екипата на Кузман, со што имаа највисока предност во тие моменти од 11:6. Сепак Академија 2 не помислуваше да се предаде, враќа со три погодоци во серија за намалување на резултатот од 11:9. Натпреварот доби интересен тек, откако Академија 2 се доближи на само еден гол заостанување зад Кузман 13:12. Сепак Кузман покажа дека е поквалитетна екипа, па до крајот на мечот не само што победи, туку и триумфот беше изразен со голема разлика. За една минута поведуваат со 15:12. При резултат 18:14, Академија 2 успева да постигне само еден, наспроти четирите голови на Кузман. за конечни 22:15 на овој натпревар.
Во истава возрасна генерација се одигра меч помеѓу РК Делчево и РК Филип Вардар. Поуспешни беа Делчево, кои славеа со резултат 20:14. Многу сличен тек како претходниот имаше и овој меч. РК Филип Вардар го отвори натпреварот со гол, имаше израмнување на резултатот од 2:2, по што Делчево со серија од три погодоци зголеми на 5:2 и 7:4. Сепак до крајот на првиот дел Филип-Вардар успеа да намали на само еден гол разлика 8:7.
Во вториот дел следиме комплетен резултатски пресврт. Со два гола во серија екипата на Филип го презема водството од 8:9. Во следниот период се играше гол за гол, додека решавачкиот чекор кон победата Делчево го направи когра при нерешени 13:13 три пати по ред погодуваат, за повторно да ја вратат разликата од првиот дел (16:13). До крајот само ја зголемуваа предноста, додека екипата на Филип немаше сила за нов пресврт.