Денес фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година го одиграа последниот натпревар во групната фаза на турнирот “Евима куп“. Избраниците на Филип Арсовски одиграа со нерешен резултат 1:1, во дуелот со екипата на Прециз Монтана од Бугарија. Стрелец на единствениот погодок за Вардарци бил Марио Ричков, кој и трет натпревар по ред се запишува во листата на стрелци и е најефикасен играч по првите три одиграни натпревари. Инаку на овој меч црвено-црните биле подобра екипа, имала повеќе шанси за победа, но среќата не била на наша страна. Нашиот најдобар играч Георг Стојановски имал неколку одлични прилики да го реши мечот. Со овој нерешен резултат Вардарци во групата го освоија второто место. Интересно е што три екипи имаа освоено 5 бода, но поради послабата гол разлика Вардар заврши како второпласиран, додека тимот на Монтана од Бугарија беше прв. Во другиот меч од нашата група Полетерац го победи Карнобат со резултат 10:0. Само првопласираните екипи од сите три групи и најдобрата второпласирана ќе се борат за највисокото место. Инаку ние денес доколку победевме ќе бевме први во групата и утре ќе игравме во борба од 1-3 место со екипите на ЦСКА Софија и Атаканте.
Нов одличен турнир за нашата генерација која повторно гордо не претстави на “Евима куп“. Одигравме три добри меча на кои забележавме една победа и два нерешени резултати. Утре играме натпревар за четвртото место на овој силен меѓународен турнир во Бугарија.