Wednesday ,09 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ за Вардар Фанс: Го испочитувавме договореното пред почетокот на мечот
Пенезиќ за Вардар Фанс: Го испочитувавме договореното пред почетокот на мечот

Пенезиќ за Вардар Фанс: Го испочитувавме договореното пред почетокот на мечот

Вардарки им одржаа вистинска лекција по ракомет на Норвешките ракометарки, откако на првиот меч од четвртфиналето во С.Ц.Јане Сандански го “прегазија“ Ларвик со убедливи 34:20. Нашиот ракометен шампион уште од стартот на мечот наметна силно темпо на игра, кое резултираше со водство од 10:1. Ларвик успеваше некако да се врати во мечот, на моменти намали и на шест гола негатива. Во вториот дел предноста на Вардар се движеше од 7-10 гола разлика, но во финишот Ларвик немаше веќе сила за надигрување и на крајот мораше да си замине од Скопје со убедлив пораз. Најефикасна наша ракометарка беше Андреа Пенезиќ која постигна 8 гола.

-Долго се спремавме за овој важен натпревар со екипата на Ларвик. Во задниов месец дена сите подготовки ги насочивме кон овој двомеч. Многу ми е драго што со ваков резултат го завршивме првиот натпревар во Скопје. Сепак ова е само прво полувреме, второто ќе се одигра на реваншот во Норвешка. Одлично го отворивме натпреварот што беше многу важно за текот на мечот. Покажавме дека кога добро ќе започнеме, можеме да одиграме подеднакво добро и во сите 60 минути. Одбраната беше феноменална се држевме до договорот кој си го поставивме за цел пред почетокот. Нападот беше дисциплиниран, Лејно беше и повеќе од одлична на голот. Сите коцки се сложија, но повторно ќе кажам дека ова е само прво полувреме, одиме на реваншот во Норвешка да ја повториме оваа наша игра, изјави Андреа Пенезиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски