Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Мартин Митиќ во недела ја напаѓа младинската круна, на само едно „дрво“ заостанување е до врвот
Куглање: Мартин Митиќ  во недела ја напаѓа младинската круна, на само едно „дрво“ заостанување е до врвот

Куглање: Мартин Митиќ во недела ја напаѓа младинската круна, на само едно „дрво“ заостанување е до врвот

Кугланата во Битола, истата во која се одржуваше завршницата во Купот на Република Македонија, е домаќин и на младинските поединечни шампионати. Мартин Митиќ кој пред две години беше кадетски шампион започна да ја  брани титулата со настап на првенството У23.

Вчера вардарото момче имаше одличен ден собори 527 „дрва“ и се пласираше на 2.позиција пред продолжувањето на првенстото во недела. Противникот кој е лидер има само еден чињ повеќе од црвено-црното момче. Големи се шансите за нашиот куглар да се закити со титулата, во недела треба само да одигра онака како што он умее. Исто така на треттата позиција има играч од Пелистер кој е квалитете и по првиот ден има 505 па може да се вмеша во трката.