Од денес започнува ЕХФ шампионот за младинки кој ќе се игра во Скопје. За црвено-жолтата селекција прв натпреварот е тој поладнево против врсничките од Босна и Херцеговина.
Натпреварот е закажан со почеток во 20:30 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“. Во последниот список на селекорот Љубомир Савевски од црвено-црниот тим се шест девојки од ЖРК Вардар. По последниот “филтер“ останaa тие кои влегуваат во комбинација за настап, станува збор за: голманот Јована Трајкоска, пикерското дуо Ивана Џатевска-Катерина Дамјаноска, бекот Костовиќ Ангела, левото крило Сара Миновска од првиот тим на ЖРК Вардар. Покрај нив од кадетскиот состав на црвено-црните е Пешиќ Мила, тука и досегашниот капитен на кадетките кој пред една седмица смени тим, Коловска Александра.