.
ФК Вардар утре и официјално ќе означи старт на летните подготовки. Утре фудбалерите на Вардар првиот тренинг ќе го имаат на Градскиот стадион во Скопје. ,,Комитите” ќе присуствуваат на првиот тренинг.
.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
.
Кумовите на сценариото за нашето обезличување и деморализирање, преку газењето врз нашата светост – Вардар, и неговото фрлање во провалија, немаат многу причини за радости. Ние сме тука, компактни, борбено способни, со полн капацитет за возвраќање на удари, и спремни за контра напади до конечна победа. Вардар Живее !
.
Успеавме ! Издржавме машки се што ни приредија, и не дозволивме Вардар да биде понижен и погазен.
Сега во клубот кој го сакаме доаѓа нова структура, нови луѓе, нова енергија, а сепак остануваат стари целите и амбициите, до кои сепак за да стигнеме ќе треба да помине нешто подолго време, и да го изодиме потешкиот пат…
.
Во секој случај, заедно градиме нова победничка приказна !
Заедно градиме нов почеток !
Заедно со новиот Вардар до старите цели и слава !
Да го поздравиме утре новиот Вардар, конечно од нашата Западна трибина !