Како што најавивме денес и ви го донесуваме двете имиња на новите членови во стручниот дел на ЖРК Вардар. Црвено-црните се засилија за кондиционен тренер и физиотерапевт. Официјализирана е соработката со потпишување на договор со двајцата млади и надежни стручњаци во своите области.
Нашиот тим е единствена женска екипа досега во Македонија која ќе има свој тренер задолжен за физичката подготовка. Раководството на нашиот колектив вложува напори и покрај ограничените финансиски стредства на девојките да им овозможи модерни услови за подготoвка и натпреварување. Покрај тоа ќе имаат и лице задолжено секојдневно да го следи и да се грижи за нивното физичко здравје. Да напоменеме дека имаме и тренер на голмани во нашиот стручен штаб, Царчев. Прв тренер останува Ристова Драгана, која лани во првата сезона како кормилар дојде до две “сребра“
Кондиционен тренер на тимот ќе биде Борис Данески, етаблиран, млад и искусен тренер. Станува збор за тренер кој има дузина успеси зад себе со спортистите кои биле негови „пулени“. Вака стручно лице ќе го дигне левелот на девојките до максимални граници на физички план. Toj особено во подготовките ќе го менаџира начинот на „базични подготовки“ на нашите дами.
Нов физиотерапевт е Нина Бојаџиска, за неа ова е практично враќање „дома“. Нина има настапувано за женскиот ракометен тим Вардар со голем успех претходно. Во меѓувреме го има оформено целосно образованието и практичниот дел за физиотерапевката работа. Ги поседува сите соодветни квалификации, покрај тоа го познава женскиот ракомет и дел од нашите девојки.