Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар тргнува по прв триумф, меч со 18 Август викендов
КУГЛАЊЕ! Вардар тргнува по прв триумф, меч со 18 Август  викендов

КУГЛАЊЕ! Вардар тргнува по прв триумф, меч со 18 Август викендов

Викендов повторно на програмата е ново коло во Македонската кугларска лига по еднонеделна пауза во кугларската елита. Викендов ќе се одигра новото, деветто коло од МКЛ. Нашиот кугларски црвено-црн колектив во ова коло ќе игра како гостин кај екипата на KK 18-ти Август 2016.

Црвено-црните ќе атакуваат на прв триумф во новата 2017 година откако беа поразени во двете воведни кола од шампионот КК Макпетрол и од ривалот за втората позиција КК ГТЦ Мусандра. Тие во осмото коло не одиграа меч со битолска КК Хераклеа бидејќи поради административни пречки екипата од Битола не го одигра овој дуел. Шансата за прва победа оваа календарска година ни е тимот кој е предпоследно пласиран со освоени четити бода досега.  Во есенскиот дел како домаќини со истиот противник дојдовме до лесен триумф.  Вардар го доби дуелот со 7-1, соборувајќи 3386 “дрва“. Нашиот противник имаше 181 “соборено дрво“ помалку од нас, односно мечот го заврши со скор од 3205. Во “сетови“ победивме со 17.5 наспроти 6.5 на нашиот противник. Во тој дуел блеснаа Димитровски и Влаќевски, а одличен на позиција “три“ беше Донковски Младен.