Пионерките на ракометниот клуб Вардар направија голем успех на второто издание на турнирот “Трофеј на градот “Зрењанин 2017“ кој се играше во Србија. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска стигнаа до првото место што е голем успех за оваа млада генерација која краток период е заедно. На турнирот одигравме пет натпревари и забележавме исто толку победи. Преовладуваше желбата за победа и надигрување кај овие млади девојки, дури и кога имаа негатива се надминуваа себеси и излегуваа како победници. Тренерот Драгана Ристова е задоволна од настапот на нејзините избранички и за нашиот сајт ги сумираше впечатоците од освоениот турнир.
-Презадоволни сме од нашата прикажана игра и однос на терен и надвор од него. Тргнавме од Скопје подготвени да се бориме и да видиме до каде е нашето ниво. Успеавме да се вратиме без ниеден пораз што за нас е огромен успех. Овие турнири се многу значајни за напредок и подигнување на формата кај девојчињата.
Пионерките има одличен настап на турнирот “Трофеј Белград“ на крајот од изминатата година кога го освоија третото место. Добрата форма екипата ја достигна во Зрењанин освојувајќи го првото место.
-Мислам дека и од предходниот и од овој турнир научивме многу и стекнавме големо искуство и тоа е многу добро за нас. Имавме и падови во играта не секогаш бевме супериорни, но успевавме да се вратиме од таа лоша игра што е голем напредок за нас. Не застануваме тука ние само се истестиравме до каде сме со нивото на игра и продолжуваме со напорна работа, заедно со Раул Гонзалез. Сега ни почнува и првенството и се надевам дека ќе имаме успешна сезона, изјави Драгана Ристова.
Звонко Ивановски