Двете пионерски екипи на ракометниот клуб Вардар направија голем успех на силниот меѓународен турнир “Трофеј на градот Зрењанин 2017“. Машката екипа на Андријана Будимир и женската на Драгана Ристова успеаа да се закитат со златниот медал на второто издание на турнирот во Зрењанин.
Нашите пионерки имаа пет победи од исто толку одиграни натпревари и на крајот сосема заслужено го освоија првото место. Во четвртфиналето ја победивме екипата на Пролетер, во полуфиналето бевме подобри од Срем додека во големото финале по изведување на удари од седум метри го совладавме тимот на Просочани, откако во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат. Ангела Костовиќ од редовите на Вардар е прогласена за најдобар играч на завршниот турнир. Погледнете неколку фотографии од славјето на нашите пионерки.
Голем успех и за пионерите кои беа уште поубедливи. Тие на шест натпревари забележаа исто толку победи и на крајот се најдоа на врвот во нивната генерација, девојќиња родени “2002“ година. Во четвртфиналето ја совладавме големата Црвена Ѕвезда. Во полуфиналето бевме подобри од , додека во финалето уште една убедлива победа против екипата на Лавови. Неколку фотографии и од нивната радост. Верна сенка на нашите младински екипи на турнирит надвор од земјата е и Марија Папуџиева која секогаш е тука за поддршка.