Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со “104-ка“ совлада Крива Паланка
ЖКК Вардар со “104-ка“ совлада Крива Паланка

ЖКК Вардар со “104-ка“ совлада Крива Паланка

Вчера во малата сала при С.р.ц “Кале“ во Скопје тимот на ЖКК Вардар ја пречека екипата на ЖКК Крива Паланка во дуел од 2.коло во првата женска кошаркарска лига. Избраничките на Жаклина Стојановска дојдоа до нова победа, втора по ред и овој пат на доминантен начин.

zkk-3

Победата беше остварена со одлична игра во сите четвртини, ние доминиравме целосно во сите аспекти победувајќи со плус 74 поена. Нашата победа беше изразена со резултат   104:30.  По две кола имаме 136 коша плус разлика што е прв скор во лигата досега.

zkk

Нашиот тим по две кола е на врвот на табелата со 4 бода, зад нас се Бадел, Пелистер и тимот на Баскет Кам со еднаков скор, но со послаба кош-разлика. Во следното, 3.коло играме во гости кај тимот на ЖКК Трокал.