Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар ја намалија негативата пред Шкендија, младинците одржуваат чекор
Кадетите на ФК Вардар ја намалија негативата пред Шкендија, младинците одржуваат чекор

Кадетите на ФК Вардар ја намалија негативата пред Шкендија, младинците одржуваат чекор

Изминатиов викенд, две младински екипи на ФК Вардар го одиграа 7.првенствено коло. Кадетите и младинците на ФК Вардар остварија победи на гостувањето кај Брегалница од Штип.

Кадетите на Вардар се вратија на победничките патеки, откако славеа прва гостинска победа оваа сезона. Во Штип, избраниците на Таневски триумфираа со резултат 0:4 и стигнаа до третиот сезонски триумф. Од екипите кои се во горниот дел на табелата победи забележаа и екипите на Работнички и Македонија Ѓ.П, додека лидерот во лигата, тимот на Шкендија за прв пат сезонава загуби бодови, играјќи нерешено во Прилеп (1:1) против екипата на Победа. На тој начин Вардар ја намали негативата на 10 бодови, но момците на Таневски имаат и меч помалку за одигрување, оној од заостанатото 6 коло на домашен терен против екипата на Шкупи. Доколку Вардар го добие тој меч ќе оди место погоре на табелата.

Важна победа и за младинците на Вардар кои го одржаа чекорот со Шкендија, во борбата за шампионската титула. Избраниците на Андовски триумфираа против Брегалница со голови во последните десет минути од мечот. Нема промени на табелата после одигрување на ова коло, во првата младинска Супер лига. Шкендија и после 7 коло има максимален број на освоени бодови, додека Вардар има шест помалку, но и натпревар помалку против тимот на Шкупи. После киксот на Македонија Ѓ.П, младинците на Вардар се искачија на второто место на табелата.

Колото беше одложено за пионерските екипи, поради настапот на македонската селекција до 17 години, на квалификациски турнир кој се игра во Скопје. Во следното 8.коло кое на програмата е следниот викенд, генерациите на Вардар за противник ја имаат екипата на Победа од Прилеп.