Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Наследничките брзо ги освоија срцата на навивачите, младиот состав на ЖРК Вардар е “откритие„ во Супер лигата
Наследничките брзо ги освоија срцата на навивачите, младиот состав на ЖРК Вардар е “откритие„ во Супер лигата

Наследничките брзо ги освоија срцата на навивачите, младиот состав на ЖРК Вардар е “откритие„ во Супер лигата

Многу малку очекуваа дека “наследничките“ на ѕвездите од првиот тим на ЖРК Вардар високо ќе котираат на табелата во најсилната Супер лига. Иако се се тоа ракометарки кои се родени “2002„ година и за кои супер лигата беше сосема ново и непознато искуство како и силен предизвик, младиот состав на Вардар и после одиграни осум кола покажува дека ниту еден противник оваа сезона нема да ги надигра. Тоа се покажува и во овој дел од сезоната, каде вардарки на осум одиграни натпревари имаат скор од шест победи и по еден нерешен резултат и пораз.

 

 

Победите во големите битки носат неизмерна радост. Фото: Славјето на Вардарки по победата над Пелистер

Победите во големите битки носат неизмерна радост. Фото: Славјето на Вардарки по победата над Пелистер

Само да потсетиме дека на отварање на сезоната, екипата на Куманово која важи за еден од фаворитите за освојување на лигата, ни се “провлече„ буквално во последните пет секунди од натпреварот кога постигна гол со звукот на сирената и извади бод во дуелот со Вардар, на меч кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Поразот од Металург на домашен терен беше очигледно лош за ден за нашите девојки кои во следните натпревари покажаа дека оваа млада и неискусна екипа може многу повеќе. Тоа и се случи, па како одминуваа мечевите игравме се подобро.

Најголемиот клваитет на тимот е “хемијата“ и фунционирањето како едно семејство

Најголемиот клалитет на тимот е “хемијата“ и фунционирањето како едно семејство

Врзавме веќе пет победи во серија, последната беше вчера пред својата публика против екипата на Пелистер, која влезе како фаворит на овој дуел. Можеби за прв пат оваа сезона покажавме карактер на голема и пред се искусна екипа, кога се вративме на мечот после негативата од четири гола во корист на битолчанки. Направивме голема серија па целосно го свртивме мечот во наша корист и на крајот триумфиравме. Тоа беше шестта победа оваа сезона за Вардар, кој на табелата се иззрамни по бројот на освоени бодови со екипата на Куманово, која пак во ова коло направи мало изненадување и на гостински терен, во салата во Автокоманда им одржаа лекција на Металург, нанесувајќи им висок и прв пораз на фаворитот за титулата. И покрај поразот Металург остана прв на табелата со 21 бод, но сега Вардар и Куманово им “дишат“ во врат на сините од Автокоманда и имаат само два бодови помалку (19) и се на делба второто и третото место на табелата.

Голманот на РК Вардар, Калифа не остана имун  на атмосферата вчера, тој ги бодреше колешките на дуелот против Пелистер

Голманот на РК Вардар, Калифа не остана имун на атмосферата вчера, тој ги бодреше колешките на дуелот против Пелистер

Само за потсетување тоа е генерацијата на ракометарки која минатата сезона стана шампион во пионерската лига, екипа која ја склопи Драгана Ристова Пецевска, која сега со помош на искусниот стратег, Симе Симовски само се надоградува и расне од натпревар во натпревар. Секоја од девојките дава максимум на секој меч и има значителен придонес во добрите игри оваа сезона. Никако не смее да се заборави, “таткото“ на голманите во Вардар, Александар Царчев кој секојдневно макотрпно работи со нашите големи надежи, Андреа Илиќ, Јована Трајковска и Симона Грујовска, на кои им го пренесува своето големо искуство и ги прави да бидат се подобри. Голманките дефинитивно се во добра форма и тие се оние кои ја подигнуваат екипата на секој натпревар, во походот кон нова победа.“ Хендикеп“ за тимот ќе биде отсуството на Марија Гоцевска, која поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната. Бекот на вардарки има скинат вкрстен преден лигамент, поради што мора да подлежи во наредниов период на оперативен зафат.

Чарчев успеа да ги адаптира младите голманки на Супер лигата каде покажуваат фантастични партии

Царчев успеа да ги адаптира младите голманки на Супер лигата каде покажуваат фантастични партии

Во следното коло гостуваме на екипата на Спартак, тоа е дебитантот во Супер лигата, екипата составена исто така од млади и поранешни играчи во младинските екипи на Вардар. Ние сме фаворити, но таа улога треба да ја оправдаме на теренот, како што докажавме дека никој лесно нема да излезе во дуелите со нас, така и секоја победа треба да се заслужи и да се оправда со добра игра во текот на сите 60 минути. Кој знае, можеби оваа генерација на Вардар ако остане подолгро време заедно, можеби ќе биде и новиот Вардар кој треба да се врати на големата Европска сцена.

0

Дуелите со повозрасните и физички помоќните ривали не преставуваат страв за девојките, тие одат храбро на секој дуел