Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (Стрим во живо) Нуров на мегдан со “рускиот тенк“ Садуелаев на СП во борење 11-00ч, Егоров тргна со пораз
(Стрим во живо) Нуров на мегдан со “рускиот тенк“ Садуелаев на СП во борење 11-00ч, Егоров тргна со пораз

(Стрим во живо) Нуров на мегдан со “рускиот тенк“ Садуелаев на СП во борење 11-00ч, Егоров тргна со пораз

Денес македонскиот репрезентативец и борач на Вардар, Магомедгаџи Нуров ќе го има својот настап на Светското првенство во борење во Унгарија.

Во битката кај момците до 97 килограми противник на нашето момче  ќе му биде рускиот борач Абудлрашид Садуелаев. Нуров може да кажеме дека немаше апсолутно никаква среќа во ждрепката, наспроти него борачот е трикратен Светски шампион кој има и олимписко злато. Борбата ќе започне во 11-00 часот, нашиот борач е шестта борба по ред на душекот “Д“.

*Стим во живо може да најдете  -ОВДЕ

z2

Вчера на Светското првенство во категоријата -57килограми,  имаше настап првиот Вардарец, Владимир Егоров. Тој забележа пораз со резултат  7-0 во неговата борба. За противник го имаше Узбеќистанецот Нодирјон Сафаров.

z1