Малку недостасуваше македонската фудбалска репрезентација до 17 години да освои бод во дуелот со селекцијата на Шпанија. На квалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда, Македонија загуби од Шпанија, со гол во судиското надополнување. Во текот на целиот меч избраниците на Вујовиќ беа рамноправен противник, но на крајот среќата ни го сврте грбот.
На овој натпревар во стартниот состав на Македонија се најдоа и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Али Асани и Александар Ѓурковски. Во игра влегоа уште и Филип Андоновски во 76 минута, како и Анатолиј Петејчук во 90 минута.
Утре го играме вториот меч на турнирот, противник ни се врсниците од Израел, дуел кој ќе се одигра на тренинг центарот “Петар Милошевски„.