Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Коловска: Позицијата пикер е мојот животен повик
Александра  Коловска:  Позицијата пикер е мојот животен повик

Александра Коловска: Позицијата пикер е мојот животен повик

Младата пионерска  екипа на ЖРК Вардар  предводена од Анжела Платон и Марија Папуџиева покрај во својата лига настапува и во повозрасната, кадетската. Во пионерската лига  веќе ги одигра есенските кола со 100% успех, па на зимската пауза заминуваме како “есенски првак“ во нашата група. Во кадетската лига исто така сме екипа која атакува на врвот и резултатите истото го наговестуваат дека ќе се случи оваа сезона.
.
Дел од овој одличен тим е и Александра  Коловска, девојка која игра на пикерската позиција во тимот. Играч кој доминира во двете лиги во кои настапува со својата физичка подготвеност, појава и ракометна интелигенција. Популарната “Алекс“ како што е позната помеѓу своите колешки е немилосрден борец во одбраната, и безмилосен “егзекутор“ во нападот.  Таа е еден до двигателите на оваа генерација, цврст играч во дуелите, и грациозен голгетер. Во продолжение ви го носиме нејзиното прво интервју и тоа токму за Вардар Фанс. Запомнете ја оваа девојка, родена 2004 година,  несомнено е огромна шансата да остави белег во македонскиот ракомет.
f
*За почеток запознај не од  кога се “дружиш“ со ракомет, како дојде таа љубов за овој спорт, каде ги започна своите ракомени “чекори“?
-Почнав со ракомет од 9 години, љубовта кон овој спортдојде токму околу деветтата година додека ги следевме натпреварите  со татко ми. Мој прв тренер ми беше Здравка Дамовска од РК КАСТРАТОВИЌ, таму тренирав околу десет месеци потоа се префрлив во ракометната школа на РК КИСЕЛА ВОДА. Во истата минав две години, мои тренери беа Влатко и Кристијан. Секоја година  се оддржуваше селекција на играчи од ракометните школи на Вардар,  јас бев со девојките од 2002/03, имав среќа да бидам  една од избраните во селекцијата каде што тренери ми беа Драгана Ристова и Билјана Пецевска,  таму минав  една година,  а потоа ме префрлија кај Анжела Платон и Александра Кузмановска.
.
* Со успех настапуваш на позицијата пикер, истата е како “скована“ за твоите ракометни карактеристики, како започна да играш на таа позиција во тимот?
-Јас пикер играм уште од самиот почеток, таа позиција едноставно  ми се допаѓа. Можам да кажам дека  сите позиции во тимот се вредни и ги почитувам,  но посебна љубов имам кон позицијата кружен напаѓач, мислам дека таа е мојот “животен повик“.
f3
* Изминатата сезона на само 13.години доби шанса  да играш во младинска лига, колку тоа ти значеше за квалитетните партии оваа сезона каде се забележува твојот напредок?
-Да на само 13 години  играв младинска лига и тоа ми овозможи многу голем напредок, бев среќна што настапував со девојките. Истите добро  ме прифатија и ме научија на многу нешта поврзани со ракометот што ми помогна за моето напредување како спортист и како личност. Напредокот  се должи на големиот труд, љубов кон ракометот и тимската игра. Секако тука се и добрите тренинзи и советите од нашите тренери, Анжела Платон и Маја Папуџиева.
..
* Во кадетската лига одигравте викендов дуел со Лихнид на кој имаше одлична партија во одбраната, но во нападот беше исто така неприкосновена со 6 гола, како ти го виде мечот?
-Натпреварот со екипата на Лихнид од Охрид во текот на  првото полувреме го одигравме одлично. Во истиот  игравме со тимски дух, иако беа повозрасни од нас, ние дадовме се од себе. Морам да кажам дека  сум задоволна како одигравме јас и целиот мој тим, би го оценила дуелот како одличен, иако можевме многу подобро како и секогаш.
f2
* Во пионерска лига веќе сте на одмор, имате есенска круна минавте оваа есен како први низ натпреварите, коментар за истата?
-Да во пионерската лига сме први, но тоа е само еден почеток за мене и мојот тим ќе се бориме се до крајот да постигнеме успех и да докажеме дека упорноста и трудот се дел од успехот. За овој успех сакам да ја акцентирам и  големата поддршка и мотивација од нашите тренери која ја добиваме постојано.
..
*Кој е тајната на вашиот тим, играте на високо ново оваа сезона во двете конкуренции?
-Тоа е едноставно, тајната на нашиот тим останува тајна се до крајот, но можам да кажам само едно: “ИГРАМЕ СИТЕ ЗА ЕДЕН,ЕДЕН ЗА СИТЕ “, можеби тоа е дел од нашиот успех.
f5
* Александра кои се твоите очекувања во  оваа сезона во двете лиги пионерска/кадетска каде што настапуваш ти?
-Ние сакаме и се трудиме  да постигнеме голем успех на двете лиги. Како и секој спортист ќе го оставиме срцето на терен и ќе се бориме за нашата цел ќе дојдеме до круна на двете лиги во кои се натпреваруваме.
.
* За крај на интервјуто можеш да го споделиш твоето спортско мото со нас?
Моето мото е: БОРИ СЕ ЗА ОНА ШТО ГО САКАШ, СЕ ДО КРАЈОТ! НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ, ТРЕНИРАЈ СЕ ДОДЕКА ТВОЈОТ ИДОЛ НЕ СТАНЕ ТВОЈ РИВАЛ- вели Алекс.
.
.
.
Михајло Тушевски