Филип Гачевски уште еднаш потврди дека топката не ја минала гол линијата. Нашиот голман на Фејсбук напиша дека се случила голема неправда и откри дека судијата зад голот му рекол дека гол немало, а линискиот судија дека имало, кој немаше добар преглед на ситуацијата.
Целиот статус на Гачевски изгледа вака:
Денеска се случи голема неправда!! Не ми е јасно како ФФМ го поддржува ова, ама добро знам дека и таму има тешки случки. Жално за Македонија, па ова да се случеше во друга држава “судијата” немаше да постои веќе. Сега искрено ќе кажам дека судијата зад гол ми кажа дека нема гол, а помошниот судија што немаше никаков преглед тврди дека е чист гол!!??
Денес се случи огромна кражба, но Господ е голем!! Прашање за ФФМ: Како делегирате судија од Кичево кој е Албанец и навива за Шкендија?? Не е важно, загубивме… ФФМ, ова е голем срам, не само за нас фудбалерите, туку и за цела држава!! Искрено се срамам, а ако и вие имате барем малку срам, тој “судија” веќе нема да суди во ПМФЛ!!