Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Поклон до земја, секоја чест Комити Запад
Васоски: Поклон до земја, секоја чест Комити Запад

Васоски: Поклон до земја, секоја чест Комити Запад

Денес на стадионот “Борис Трајковски“ се одигра фудбалското дерби помеѓу Вардар и Шкендија. Поуспешни беа тетовчани кои славеа со резултат 0:2. “Црна„ точка на мечот беше признатиот гол на Емини, иако судиите беа далеку од случувањата, линискиот судија реши дека топката ја поминала гол линијата. Голема поддршка имаше Вардар на овој дуел од својата навивачка група, Комитите кои и после завршување на дуелот не ги оставија своите миленици и пееја пред соблекувалната во која беа нашите играќи.

 Тренерот на Вардар, на својот ФБ профил упати голема благодарност до Комити па напиша, Со вас секој пораз помалку боли. Поклон до земја, секоја чест Комити Запад.