Девојките од првиот тим на ЖРК Вардар го одбележаа денот. Тие во рамките на 8.коло од Супер-лигата во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Пелистер (24:22) и стигнаа до шестиот сезонски триумф. Младите Вардарки имаа “експлозивен„ финиш кога успеаа да анулираат четири гола негатива и со серија од 7:0 да го свртат мечот во своја корист. Нашиот медиум како и на секој, така и на овој меч беше присутен, од кој ви носи фоотграфии.
Погледнете ја фотогалеријата од победата и големата радост на вардарки.