Кугларскиот клуб Вардар ќе го одигра оваа недела последниот дуел во Македонската кугларска лига за оваа сезона 2019/2020. Дуелот е закажан за задутре, четврток 12.март.
Ние во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје ќе се соочиме со тимот на КК 18 Август. Средбата од ова последно, 14.коло е закажана со почеток во 19-00 часот. Вардар е фаворит на овој дуел, на првата средба во истата куглана како домаќини победивме со високи 7-1 (3203:3028, 17,5:6,5). На таа средба се истакна Гиевски со 561 соборени „дрва“.