Викендов се одигра 11.коло во женската пионерска лига (група-1). Во истото екипите кои се во првата половина на табелата дојдоа до победи над ривалите. Металург, Делчево, Велкова-5 и Аеродром успеаа да впишат нови победи и да ја продолжат битката за втората позиција која води на Ф-4.
Избраничките на Платон и Папуџиева, пионерките на ЖРК Вардар го одигаа и 11.перфектен дуел. Тие дојдоа до нова победа и се во неверојатна низа во пионерската лига. Ние сме во неверојатна низа од 23.победи на 23.меча по ред во пионерската конкуренција (12 изминатата сезона и 11 во оваа).
Се соочивме со тимот на КЛ7, веќе на полувреме имавме осетна предност, победата дојде со 19.гола повеќе односно со резултат 28-9. Кај нас на оваа средба одличен перформанс имаше голманката Ѓорѓиевска Вероника, седум гола постигна Борјана Коцева, а пет погодоци беа дело на крилото Ива Ангеловска.
Остватените резултати во ова 11.коло во пионерската група-1 се следните:
* ЖРК Куманово -РК Делчево Вардар 11:14
* РК КЛ 7 Лазаров – ЖРК Вардар 09:28
* РК Велкова 5 – РК Драчево 21:08
*РК Ѓорче Петров – РК Аеродром 08:18
* ЖРК Металург – РК Алушовски 25:15
На табелата ние сме доминантни со максимални 33.бода, убедлив лидер и најголемиот фаворит за Ф-4. За останатата, втора „виза“ за собирот на најдобрите четири тима каде „лавиците“ ќе ја бранат круната конкурираат три екипи: Металург, Аеродром и Делчево Вардар, шансите на Велкова-5 за истата се само теоретски.
Во следното коло сме домаќини на ЖРК Куманово, распоредот за 12.коло во пионерската група-1 изгледа вака:
* РК Алушовски- РК Ѓорче Петров
* РК Аеродром -РК Велкова 5
*РК Драчево- РК КЛ 7 Лазаров
*ЖРК Вардар- ЖРК Куманово
*РК Делчево Вардар- ЖРК Металург