Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во четврток ја пречекува Стружанка во дербито за „бронзената“ позиција на табелата
ЖРК Вардар во четврток ја пречекува Стружанка во дербито за „бронзената“ позиција на табелата

ЖРК Вардар во четврток ја пречекува Стружанка во дербито за „бронзената“ позиција на табелата

На програмата во „Скопско“ женската сениорска ракометна лига е 16.коло, истото е вондредно и ќе се игра утре и задутре ширум земјава.  Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев се домаќини на тимот од Струга во меч кој е дерби за позицијата број три на табелата, местото веднаш зад лидерскиот двоец Куманово-Металург.

ЖРК Вардар ја пречекува екипата на  Стружанка во четврток, 12.март во големата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судиската правда на дуелот кој е закажан со почеток во 18-00 часот ќе ја делат Глигор Ќаев и Спаско Ќаев од Скопје.  Во овој дуел црвено-црните дами влегуваат со 33.бода, ривалот од Струга досега „собра“ три помалку.

Ние го добивме првиот дуел во гости, тоа е една од најважните наши победи во есенскиот дел. Тоа беше меч си пеколен финиш, во 54.минута беше 24:24 на семафорот, капитенот Диневска Бојана  одигра неверојатна партија во финишот и погоди четири пати едноподруго, победата дојде со 25-29.  На тој меч Диневска одигра навистика капитенски и погоди 10.пати од игра.  Илиќ впиша 11.одбрани, Седлоска  постигна 9.погодока. Придонес имаше и другиот голман  Грујовска со  4 важни одбрани во оваа победа. По три гола имаа две девојки:  Гроздановска и Јаковчевска.