Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери и кадетите на ФК Вардар се лидери во своите категории, пионерите се поблиску до врвот
Пом.пионери и кадетите на ФК Вардар се лидери во своите категории, пионерите се поблиску до врвот

Пом.пионери и кадетите на ФК Вардар се лидери во своите категории, пионерите се поблиску до врвот

Изминатиов викенд на програмата беше 16.коло во првенството на младинските фудбалски лиги. Вардаровите екипи одиграа четири меча против екипата на Македонија Ѓ.П, забележувајќи три победи и еден пораз.

Помладите пионери на Вардар остануваат единствената екипа во сите четири младински лиги, кога се уште е без пораз и после 16 одиграни натпревари. Момците на Сашо Тодоровски ја оправдаа улогата на фаворит и славеа во дуелот со екипата на Македонинја Ѓ.П (4:1), дуел на кој одигравме со половина сили и на кој шанса за игра добија сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар. Ова беше вкупно 12-ти триумф за вардарци, кои имаат уште и четири нерешени резултати. Останатите два конкуренти на Вардар за трофејот, екипата на Шкендија славеше на домашен терен во дуелот со Пелистер, додека Работнички не го одигра својот дуел против екипата на Акад.Пандев, поради зафатеност на теренот на кој настапува тимот од Струмица. Тоа значи дека црвено-црните ја задржаа предноста од шест бодови пред Шкендија, додека ја зголемија на десет бода пред градскиот ривал, кој има и натпревар помалку.

pom-pioneri

Пионерите на Вардар стигнаа до вториот пролетен триумф, вкупно 12-та победа за оваа генерација. На домашен терен, избраниците на Милан Коцески го совладаа тимот на Македонија Ѓ.П (3:0), и покрај тоа што настапивме без тројца стандардни играчи, кои паузираа поради жолти картони. Единствениот конкурент за трофејот, тимот на Акад. Пандев не беше активна во ова коло, па нивниот меч со Работнички ќе се одигра во друг термин. После ова коло, Вардар има само еден бод негатива зад струмичани, но и натпревар повеќе.

pioneri

Кадетите предводени од Филип Ивановски играат одлично на стартот од пролетниот дел, откако забележаа две последователни победи. Македонија Ѓ.П, не беше пречка за црвено-црните кои ја продолжија победничката серија (1:3) и избија на врвот на табелата во лигата. Вардар го искористи „киксот“ на Шкендија, кој загуби на гостувањето кај Пелистер, препуштајќи му го врвот на Вардар, кој сега има три бодови повеќе од тетовската екипа. Во ова 16.коло требаше да се одигра и дербито на Работнички со Акад. Пандев, но истото е одложено. Вардар со оваа победа се наоѓа на првата позиција со 35 бодови, додека Шкендија падна на второто место со 32 бодови. Работнички има 28, додека А.Пандев 27 бодови, но двете екипи треба да одиграат меѓусебниот меч во ова одложено коло за нив.

kadeti

Младинците на ФК Вардар иако во голем дел од натпреварот играа одлично, сепак еден гол го реши победникот на мечот со Македонија Ѓ.П, а истиот заврши во нашата мрежа, за конечни 1:0 на овој дуел. Со овој пораз, момците на Стефановски останаа на 5.место на табелата со 22 освоени бодови.

88960286_202747277611723_977622663528710144_n

Во следното 17.коло, кое на програмата е претстојниов викенд, пионерските екипи се домаќини на Њу Старс, додека кадетите и младинците гостуваат на истиов противник.