Вчера во малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје, девојките на Жаклина Стојановска одиграа пријателски меч со тимот на КК Приштина.
ЖКК Вардар беше домаќин на тимот од соседно Косово во пријателски тест-натпревар. Дуелот на кој резултатот беше во втор план, пред се беше собирањето меѓународно искуство за вардарки, го добија гостинките со резултат 63-71.
За црвено-црниот тим дебитираше новото засилување. Станува збор за канадската интернационалка со италијански пасош, Мелиса Рондинели.