Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Стефан Тасев одбрани пенал, Македонија У16 го победи БИХ на првиот контролен меч
Стефан Тасев одбрани пенал, Македонија У16 го победи БИХ на првиот контролен меч

Стефан Тасев одбрани пенал, Македонија У16 го победи БИХ на првиот контролен меч

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го доби првиот контролен дуел против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Избраниците на Драган Канатларовска-Цапар славеа со резултат 1:3, а предност имаа и по првото полувреме кога резултатот беше 0:2 во корист на Македонија. Вардаровите играчи не се запишаа во листата на стрелци, но затоа голманот на Вардар, Стефан Тасев, успеа на пет минути пред крајот на мечот да одбрани удар од белата точка.

Во стартниот состав на овој прв дуел се најдоа, покрај Тасев и Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи. Од клупа во второто полувреме влезе и Никола Павлески.

Вториот натпревар на истите селекции е закажан на 14 февруари со почеток во 10:30 часот.