Екипата на Вардар Јуниор која е дел од најсилната Супер-лига максимално се подготвува за пролетниот дел од сезоната. Во следниве денови младиот состав кој е предводен од Стојан Петрушевски ќе одигра вкупно три контролни натпревари.
Денес со почеток од 18:00 часот ќе гостуваме кај уште еден суперлигаш, тоа е тимот на Пролет 62. Во сабота ќе одиграме натпревар против екипата на КЛ7, истиот ќе стартува од 12:15 часот, додека во вторник од 18:00 часот. ќе се сретнеме со екипата на Металург Јуниор, која се натпреварува во првата ракометна лига. Сите мечеви, црвено-црните ќе ги одиграат на гостински терен.
Во првото пролетно коло од Супер-лигата, Вардар Јуниор на домашен терен го пречекува тимот на Металург 2.