Нексе ќе биде последната пречка за вардарци, кон пласманот на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола се одигра реванш мечот од 1/8 финалето меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице. Иако домашниот тим славеше со резултат 24:22, сепак Нексе е екипата која се пласира во следната елиминациска рунда, со оглед дека на првиот дуел одигран во Хрватска славеа со резултат 23:20.
Вардар и Нексе веќе одиграа два натпревари сезонава во рамките на групата, на кои по една победа им припадна на двете екипи. Првиот натпревар во Нашице ќе се игра на 7 или 8 Март, а дуелот во Скопје седум дена подоцна.