Веќе идната недела започнува Македонската кугларска лига, односно нејзиниот пролетен дел. Остануваат дузина кола за одигрување бидејќи оваа есен се одиграа само воведните две кола. Вардарци оваа сезона со цел омасовување на лигата пријавија два тима. Па така во првото пролетно коло, Вардар(А) ќе игра дерби со тимот на шампионот Макпетрол, а пак Вардар (Б) ќе биде слободен.
Веќе речиси еден месец црвено-црните се подготвуваат за пролетните предизвици во нивниот дом, кугланата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар. Назначени се за време на паузата тренери на двата тима и одредени се капитените на истите.
ВАРДАР-А
ТРЕНЕР: Бранко Митиќ
КАПИТЕН: Коста Ристевски
ВАРДАР-А
ТРЕНЕР: Тодоровски Тони
КАПИТЕН: Влатко Стојановски