Денес стартува пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, со натпреварот меѓу екипите на Академија Пандев и Работнички.
ФФМ ги делегираше главните судии за првото пролетно коло, на кое на програмата е најголемото македонско фудбалско дерби. Во недела на градскиот стадион, Вардар е домаќин на екипата на Пелистер. Доверба да ја дели правдата ја доби Александар Ставрев.
Натпреварот ќе стартува од 14:00 часот.