Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Осма сезона по ред РК Вардар се пласира во 1/8 финалето на ЛШ
Осма сезона по ред РК Вардар се пласира во 1/8 финалето на ЛШ

Осма сезона по ред РК Вардар се пласира во 1/8 финалето на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар и осма сезона по ред ќе игра во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите. Откако официјално ЕХФ објави дека сите екипи кои се дел од групната фаза ќе се пласираат во следната елиминациска рунда, тоа значи дека црвено-црните повторно се дел од најдобрите 16 екипи во Европа.

Почнувајќи од сезоната 2013/14 па се до актуелнава натпреварувачка 2020/21, за Вардар има место во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите. Во својата историја, Вардар на три пати има играно на завршмниот турнир во Келн, додека на два пати успеа да ја освои и Европската титула.

Минатата сезона поради пандемијата со корона вирусот, Вардар не го одигра својот 1/8 финален двомеч со Пик Сегед, односно ЕХФ се реши на Ф4 да играат само првопласираните две екипи од групите.

Противникот за оваа сезона ќе зависи од нашиот конечен пласман во групата, засега се наоѓаме на последното осмо место, а следниот дуел за Вардар е во недела на домашен терен против тимот на Пик Сегед.