Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“ газат сениорски екипи со висока разлика, совладан Спартак со 8 плус
„Лавиците“ газат сениорски екипи со висока разлика, совладан Спартак со 8 плус

„Лавиците“ газат сениорски екипи со висока разлика, совладан Спартак со 8 плус

Вчера, кадетскиот состав на ЖРК Вардар  го   одигра својот прв контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода. Помалку неочекувано за оние кои не ги следат, но најквалитетните кадетки во земјава повторно совладаа суперлигашки, сениорски тим.

Одличната работа на Платон и Папуџиева придонесе да се создаде еден квалитетен млад состав кој не се плаши од битка со повозрасни состави. Екипа која нема спортски респект кон повозрасни тимови и која жнее успеси, вчера победивме убедливо со дури осум гола повеќе. Нашата победа беше најавена уште во првиот дел, по почетното испитување на силите ние успевме од минута во минута да ја зголемуваме предноста над домаќинот.

На одмор помеѓу двата периода заминавме со   осум разлика (28-20). Во вториот дел остана истата слика во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода, ние бевме подобар тим и го одржувавме водството. Победата дојде со резултат 38-30 на оваа пријателска ракометна средба.  Да напоменеме дека ова е втор дуел со овој сениорски тим, во септември минатата година ги совладавме со еден гол позитива на нивни терен.

Повторно како и на првиот дуел есенва, инспирирана за погодување беше Борјана Коцева која даде дури 9 гола, двете девојки кои настапуваат и за првиот тим на црвено-црните, Сара Стефаноска и  Бојана Коцева погодија по  6.пати. нашето крило Равојска Јана стрелаше во 4 наврата, а капитенот Коловска Алекс даде 3 гола. Четири девојки имаа по два гола: Мила Пешиќ, Бојана Радевска, Ива Ангеловска и Сара Стојанова(од пенал). По едне гол впишаа: Теодора Ангелова, Зорица Андовска и Нина Попова.
Во нашиот состав, кај голманите Вероника Ѓорѓиевска имаше 9 успешни одбрани, нејзината колешка Леа Христоска успеа да сопре 4.удара кон нејзиниот гол.

Неколку видеа односно од најинтересните моменти на оваа средба може да погледнете на следниот ЛИНК!