Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > МКЛ започнува на 25.јануари, Вардар во битка за „сребрената“ позиција со Пелистер и ГТЦ
МКЛ започнува на 25.јануари, Вардар во битка за „сребрената“ позиција со Пелистер и ГТЦ

МКЛ започнува на 25.јануари, Вардар во битка за „сребрената“ позиција со Пелистер и ГТЦ

Идната недела започнува Македонската кугларска лига, МКЛ. Вардар по есенскиот дел заврши на делбата на втората позиција каде има идентични бодови како и тимовите на Пелистер и КК ГТЦ. Трите тима се борат за “сребрената“ позиција, зад суверениот лидер, актуалниот шампион КК Макпетрол.

МКЛ, започнува идната недела на 25.јануари Вардар отвара против тимот од Битола, екипата на ЖКК Пелистер.  Драматично е на табелата по  седумте есенски кола. ГТЦ го доби дуелот против Пелистер со 7:1, Пелистер го победи Вардар со 6:2, а Вардар го победи ГТЦ со 6:2. Согласно пропозициите во случај на изедначен број поени, подобра екипа ќе биде онаа која има подобар скор во меѓусебниот дуел. Сите три тима ја делат втората позиција со по 10.бода. Па напролет ќе биде жестока битка за местото зад лидерот, Макпетрол кој веќе ја „забетонира“ првата позиција со максимални 14.бода и чекори сигурно кон нова титула.