Екипата на Вардар Јуниор која е дел од Супер Лигата тренира со преполовен состав. Екипата која е предводена од Стојан Петрушевски се подготвува за пролетниот дел од сезоната, но значително ослабена. Дел од Јуниор не се веќе Карапалевски, Ќосевски, Кизиќ и Кукуловски кои имаат право за настап само со првиот тим. Од друга страна, со првата екипа тренираат уште и Атанасовски, Крстевски, Гогов и Јанковски.
Ново име во екипата, е повратникот Стефан Трпчевски, кој го раскина договорот со екипата од Израел и се врати во Скопје, додека претходно беше дел од екипата на Струга. Со тимот тренираат и младите, Анакиевски и Трифуновски, како и најмладиот Давид Димевски.