Изминатата недела, Кугларската федерација на Македонија официјано го затвори списокот на учесници во Македонската кугларска лига, МКЛ за сезоната 2019/2020 година. Тие преку соопштение го информираа следното:
После среќните кугларски вести за учество на репрезентацијата на СП после долга пауза, организација на кадетско првенство после предолга пауза, нови среќни вести дека се пријавија две новоформирани женски екипи за новата сезона во МКЛ. Станува збор за тимовите на ЖКК ГТЦ Мусандра и ЖКК Пелистер ТС Холдинг. Со нив, бројката на екипи во МКЛ од 6 порасна на 8. Со ова вардарци ќе имаат два ривала повеќе во лигата.
Листата на екипи за 2019/2020 (по азбучен ред):
1. КК Вардар 2014 – Скопје
2. КК ГТЦ Мусандра – Скопје
3. КК Империјал Тобако ТКС – Скопје
4. КК Макпетрол – Скопје
5. КК Пелистер 1982 – Битола
6. КК 18 Август 2016 – Скопје
7. ЖКК ГТЦ Мусандра – Скопје
8. ЖКК Пелистер ТС Холдинг – Битола